Единствена Македонија: Силен шамар за Заев од Мицотакис

Марионетската власт на Зоран Заев доби силен шамар и тоа директно од лидерот на Нова демократија и најверојатно новиот грчки премиер по скорешните избори во Грција, Кирјакос Мицотакис, велат од Единствена Македонија преку соопштение.

Мицотакис во неговиот говор во грчкиот парламент за време на расправата по повод ратификацијата на Договорот за промена на името, порача дека процесот на интеграција на Скопје кон Европската Унија не е поврзан со Договорот и дека тој како премиер ќе стави вето на патот на Македонија кон ЕУ и одбива да го напушти ова право на вето кое го нарече право на грчката татковина.

Со ваквата изјава на Мицотакис излезе на виделина страшното предавство на Зоран Заев со кое избриша се што е македонско во замена за некакво обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните дваесетина години, а прашање е дали до тогаш ќе опстане Европската унија.

За предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата во соопштението додаваат дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси бидејќи ќе следи поништување на сите антимакедонски и антидржавни акти како што се Договорот за промена на името кој е спротивен на домашното и меѓународното право, двојазичниот закон за јазична федерализација како преодна етапа кон територијална федерализација и Одлуката за пристапување на Македонија во членство во НАТО, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Треба да знаете
Последни објави