Загадувањето на воздухот ги прави луѓето несреќни

Загадувањето ан воздухот освен што се одразува лошо на физичкото здравје на луѓето, исто така има негативно влијание на душевната состојба на луѓето, покажа едно најново истражување.

Истражувачите на универзитет,открија дека има директна поврзаност меѓу количеството на ПМ честички во воздухот и нивото на среќа кај луѓето кои живеат во средини со загаден воздух.

Загадувањето на воздухот е штетно за здравјето, когнитивните функции, продуктивноста во извршување на задачи и едукативните напори.

Меѓутоа, она што најмногу загрижува е сознанието дека загадениот воздух има силно влијание врз друштвениот живот и однесувањето на луѓето, велат истражувачите.

Загадувањето негативно се одразува на нашите емоции. Стануваме несреќни, а тоа значи дека носиме нерационални одлуки, вели еден од истражувачите.

Во истражувањето биле користени податоци за загадувањето од 144 градови во Кина и било следено нивото на среќа кај жителите во урбани средини, преку увид во 210 милиони пораки разменети на најголемата платформа за микроблогирање во Кина.

Откриена била значителна негативна корелација меѓу загадувањето и нивото на среќа, при што со секое зголемување на нивото на загаденост на воздухот, се намалувало нивото на среќа за 0.04 отсто.

Исто така било откриено дека жените се почувствителни на загадениот воздух од мажите, како и луѓето со повисоки приходи.

Треба да знаете
Последни објави