Република Српска ќе произведува ГМО храна

По Македонија и Република Српска планира да го измени Законот за генетски модифицирани организми што ќе овозможи продажба и производство на ГМО соја и производи за добиточна храна.

Според образложението на предлог-законот, кој ќе биде пред пратениците во Собранието на Република Српска увозот и производството ќе се одвива под строго контролирани услови со претходно одобрување од страна на надлежното министерство.Така, оној што ќе произведува ГМО храна потребно е да воспостави систем на следливост и да ги дефинира методите со кои тие можат да бидат идентификувани од страна на операторите. Во прво време ќе се регулираат генетски модифицирана соја и производи од генетски модифицирана соја и грав.

Производителот пет години мора да води евиденција која ќе овозможи следење и идентификација на оние од кои го купиле или произведувале ГМО. Субјектот што става во промет генетски модифицирана соја и производи од генетски модифицирана соја е одговорен за штетата причинета на лица, имотот и животната средина ако ја има при пласирање на пазарот”, се наведува во предлог-законот.

Постапката за ставање во промет на соја започнува со поднесување пријава до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и доколку се исполнат сите услови, министерот издава одобрение.

Министерството води регистар за издадени одобренија за пласирање на генетски модифицирани соји и производи од генетски модифициран вид.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави