Search

„Минесота“ го отпушти тренерот по победата над „Лејкерси“

„Минесота“ ноќеска запиша една од најубедливите победи во сезоната по успехот над „ЛА Лејкерс“ со 108:86.

Ендрју Вигинс реализира 28 поени, од кои 25 во првото полувреме, а Карл Ентони Таунс заврши со дабл-дабл,  28 поени и 18 скока во триумфот на „Минесота“.

И покрај победата, тренерот на домаќините, Том Тибодо беше отпуштен по средбата и привремено тимот ќе биде предводен од помошникот Рајан Саундерс.

За „Лејкерси“ се истакна Ланс Стивенсон, кој постигна 14 поени и додаде 6 асистенции.

Ова е петти пораз за „Лејкерси“ од последните шест натпревари откако игра без Леброн Џејмс, кој се повреди во пресрет на Божиќ во победата над „Голден Стејт“.

Останати резултати од НБА:

Чикаго – Бруклин 100:117
Лос Анџелес Клиперс – Орландо 106:96
Атланта – Мајами 106:82
Оклахома Сити – Вашингтон 98:116
Торонто – Индијана 121:105
Феникс – Шарлот 113:119

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантик дивизија: Торонто 30 победи / 12 поразии, Филаделфија 26/14, Бостон 23/15
Централна дивизија: Милвоки 27/11, Индијана 26/13, Детроит 17/20
Југоисточна дивизија: Мајами 19/19, Шарлот 18/20, Орландо 17/22

Западната конференција:

Северозападна дивизија: Денвер 26/11, Оклахома 25/14, Портланд 23/17
Пацифик дивизија: Голден Стејт 26/14, Лос Анџелес Клиперс 23/16, Лос Анџелес Лејкерс 21/19
Југозападна дивизија: Хјустон 22/16, Сан Антонио 23/17, Мемфис 18/21.

Треба да знаете
Последни објави