Search

„Јунајтед“ како препороден без Мурињо, „Сити“ изнeнаден на Етихад

Шампионот на Англија, „Манчестер Сити“ доживеа незгоден пораз на домашен терен од „Кристал Палас“ со 2:3, додека градскиот ривал „Јунајтед“ во првиот меч по отказот на  Жозе Мурињо беше убедлив во Кардиф. Со поразот на Етихад, „Сити“ заостанува зад првопласираниот „Ливерпул“ 4 бода.

„Сити“преку Гиндоган дојдоа во водство, но Шлуп и Таузенд во 33. и 35 минута го доведоа „Палас„ во водство. До крајот на првиот дел „Сити“ притискаше, но без разултат. Со исто темпо продолжија и во вториот дел, но по грешка во одбраната Вокер направи пенал. Гостите преку Милојевиќ кој го реализираше пеналот го зголемија водсвото во 51. минута. Де Бруин во 85.минута само го намали водството, па гостите си заминаа од „Етихад“ со победа, прва по 28 години.

„Црвените Ѓаволи“ под водство на Оле Гунар Солскер со 1:5 славеше против „Кардиф“. Гостите уште по првите половина час имаа предност од 0:2 со головите на Рашфорд и Херера. Домаќините намалија преку Камараса во 38 минута од пенал, но тоа беше се што направија. Три минути Мартиал зголеми на 1:3 со кој резултат заврши првиот дел. До крајот на натпреварот Линдгард постигна два гола за „Јунајтед“.

Во останатите натпревари „Челзи“ загуби во Лондон од „Лестер“ со 0:1, „Арсенал“- „Барнли“ 3:1, „Њукасл“-„Фулам“ 0:0, „Вест Хем“-„Вотфорд“ 0:2, „Хадерсфилд“-„Саутемптон“ 1:3, „Бурнамут“ -„Брајтон“ 2:0.

Треба да знаете
Последни објави