Search

Семејствата на жртвите од авионската несреќа протестираат во Индонезија

Членовите на дел од 189-те семејства на луѓето кои на крајот на октомври загинаа во авионската несреќа на компанијата „Лајон ер“ протестираа во главниот град на Индонезија Џакарта, тврдејќи дека властита не вложиле максимални напори за да бидат целосно извлечени од морето остатоците од леталото и луѓето.

Авионот „боинг 737 Макс“ се сруши на 29 октомври, набрзо по полетувањето од Џакарта, а семејствата денеска изразија загриженост дека се уште не се идентификувани 64 патници, а пронајдени се само 30 проценти од леталото, пренесе „Ројтерс“.

На протестите присуствуваа околу 30 лица и носеа транспаренти на кои го повикуваат „Лајон ер“ безбедноста да ја стави над профитот, а претседателот на Индонезија да обезбеди извлекување на сите човечки остатоци.

Семејствата на загинатите укажуваат дека Јаванското море е длабоко само 35 метри и не се вложени максимални напори во потрагата.

Треба да знаете
Последни објави