Search

НБА: Харден презема лидерска улога и му донесе победа на Хјустон

Тимот на Хјустон Рокетс е најголемото разочарување сезонава во НБА лигата и по 26 одиграни натпревари се наоѓа на претпоследното место во Западната конференција. За среќа, синоќа Рокетси го искористија домашниот терен и остварија победа против директниот конкурент за место во плејофот, Портланд Трејл Блејзерс.

Тимот на Хјустон Рокетс дојде до победа против Портланд Трејл Блејзерс со резултат 111:104, забележувајќи ја 12-тата победа во сезоната.

Кога на ниту еден друг играч не му оди од рака, Џејмс Харден е тука за да ја преземе лидерската улога. Впрочем, заради тоа и заработува повеќе од 30 милиони долари годишно. Синоќа тој постигна 29 поени и беше најдобриот поединец на Рокетс, иако дури седум играчи од неговиот тим постигнаа двоцифрен број поени.

Гостинската екипа беше предводена од Демијан Лилард, кој во негов стил го наполни кошот на Рокетс со 34 поени. Неговиот партнер од бековската линија, Си Џеј Мекколум, постигна 23 поени, додека Босанецот Јусуф Нуркиќ забележа дабл-дабл од 15 поени и 10 скока.

Останати резултати:

Сан Антонио Спарс – Феникс Санс 111:86

Лос Анџелес Клиперс – Торонто Репторс 99:123

Треба да знаете
Последни објави