Дете повредено од струен удар, вклучувало канделабра на бандера

Дете од село Љуботен било тешко повредено од струен удар, вчера во селото, информираше МВР.

Според полицијата, во 18.40 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12 годишно дете.

Детето било повредено од струен удр околу16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да се вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана наа дрвена бандера.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави