Search

Австриец ќе го води Саутемптон

Поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Ралф Хазенхитл прифатил да стане нов менаџер на Саутемптон, кој денеска се раздели со Марк Хјуз.

Според „Скај Спортс”, Австриецот разговарал со претседателот на „светците”, Ралф Кругер и фудбалскиот директор Рос Вилсон, кои го убедиле во потенцијалот на тимот, и покрај проблемите од почетокот на сезоната.

Хазенхитл се смета за еден од најветувачките стратези, а се очекува да замине за Островот и неговото назначување на функцијата наскоро и официјално да биде објавено.

Стратегот го изведе РБ Лајпциг до второто место во Бундеслигата во првата сезона на тимот во германската елита, а потоа и до четвртфиналето во Лига Европа.

По завршување на минатата сезона, во кој тимот заврши шести, тој си замина, откако не успеа да се договори за нов договор и оттогаш е без работа. Педесет и едно годишниот Хазенхитл бил прв избор за Саутемптон, а меѓу оние кои се поврзуваа за функцијата беа уште Кике Флорес, Дејвид Мојс и Најџел Пирсон.

Треба да знаете
Последни објави