Search

Франц победник и на супервелеслаломот во Бивер Крик

Австрискиот скијач Макс Франц триумфираше на вториот супервелеслалом езонава што се одржа во рамките на Светскиот куп во американскиот Бивер Крик.

Франц на легендарната патека “Birds of Prey” дојде до втората победа сезонава, а трета во кариерата во време од 1: 01,91 минута.

Веднаш зад него беше Швајцарецот Мауро Кавицел, а третата позиција ја поделија тројца скијачи. Норвежаните Аксел Лунд Свиндал и Александар Обит Килде, како и Доминик Париз од Италија со идентично време од 41 стоти делови од секундата зад Франц.

Австриецот води во Светскиот куп со 238 поени, 11 помалку има Кавицел, а трет е Винсент Кирхмаер со 211поен.

Натпреварувањето во Бивер Крик продолжува в недела, кога е закажана велеслаломот.

Треба да знаете
Последни објави