Захарова: Естонија сè уште не знае дека не излегува на Црното Море

Етонија го повика на разговор рускиот амбасадор во Талин, Александар Петров, поради „користењето на воена сила против украинските морнари и бродови” во теснецот Керч.

Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Петров му било кажано дека Русија мора веднаш да ги врати трите брода и да го ослободи екипажот, објави АП.

Министерството вели дека според меѓународното право, Русија мора да осигура дека бродовите од која било земја можат непречено да минуваат низ теснецот.

Естонската претседателка вчера изјави дека нападот претставува „војна во Европа”.

Министерството за надворешни работи на Русија ја коментираше одлуката на Естонија.

„Естонските дипломати сè уште не се свесни дека нивната земја не излегува на Црното Море и дека бродовите не се нивни. Во целина, придонесот на Талин за решавање на меѓународните проблеми не е многу забележлив, но тоа не е причина да се пропушти можноста светот да се потсети на сопственото постоење”, напиша на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марија Захарова.

Треба да знаете
Последни објави