Над 400 повредени во земјотресот на границата меѓу Иран и Ирак

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени, кој синоќа го потресе западниот дел на Иран, недалеку од границата со Ирак, повредени се повеќе од 400 луѓе, пренесуваат локалните медиуми.

Исплашените жители истрчале веднаш од своите домови, стравувајќи од нови потреси.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 1,5 километар, поради што има стравувања дека се можни сериозни материјални штети.

Во ноември 2017 година, оваа област беше погодена од земјотрес, во кој загинаа повеќе од 400 лица.

Треба да знаете
Последни објави