Велика Британија ќе се подели пред Шпанија, смета шпанскиот министер Борељ

Шпанскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борељ, изјави дека е многу повеќе загрижен за единството на Велика Британија отколку на Шпанија.

Како што тој изјави за бриселскиот портал „Политико“, многу е поголема веројатноста дека Велика Британија ќе се подели поради брегзитoт отколку Шпанија поради сецесионистичките тежнеења кои доаѓаат од Каталонија.

Според „Политико“, Борељ притоа мислел на Шкотска и Северна Ирска, кои би ја напуштиле Британија поради излегувањето од ЕУ.

Борељ исто така смета дека преговорите за идните односи меѓу Гибралтар и Европската унија треба да се водат одделно од оние со Велика Британија.

Гибралтар е територија што припаѓа на Велика Британија, но на која право полага и Шпанија.

Преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ не важат за Гибралтар“, рече тој, додавајќи дека овие преговори треба да се одвојат.

Борељ истакна дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон се коцкал со иднината на неговата земја најмалку двапати – во однос на Шкотска и Европа.

Што се однесува до кризата во Каталонија, Борељ рече дека шпанската влада нема да дозволи референдум за отцепување и дека тој не е Камерон и Шпанците не се Британци, па нема да дозволат тоа да се случи.

Треба да знаете
Последни објави