Полицијата од Кенија во потрага по киднапираната Италијанка

Вооружени лица киднапираа Италијанка што работелa за хуманитарна организација во крајбрежниот регион на Кенија и притоа повредија неколку лица во нападот, објави полицијата од Кенија.

Напаѓачите кои неселективно пукаа кон луѓето, ранија пет лица во нападот што се случи во шопинг центар Чакама во областа Килифи, изјави шефот на полицијата Џозеф Боинет. Нападот се случил доцна синоќа.

Тој додаде дека при нападот била киднапирана 23-годишна Италијанка, која работела како волонтер во хуманитарна организација во југоисточниот дел на Кенија. Мотивот за нападот во моментов не е познат.

Полицијата соопшти дека инцидентот го сметаат за терористички напад, но и дека идентитетот на напаѓачите засега не е познат.

Исламските екстремисти од Сомалија претходно беа обвинети за серија киднапирања на странци долж брегот на Кенија.

Поради напади и киднапирања на странци, Кенија испрати војска во Сомалија во 2011 година за да се бори екстремистите од групата Ал Шабаб.

Треба да знаете
Последни објави