„Жито Полог“ ги клоцна од Управен одбор Камчева и останатите осомничени во „Империја“

„Жито Полог“ од Тетово една од многуте фирми чиј сопственик е Орце Камчев, првоосомничен  во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Империја“ ги смени членовите на Управнит одбор. Во одлуката на фирмата стои дека „Се отповикуваат сите членови на Одборот на директори“ на оваа тетовска фирма.

Меѓу отповиканите пет членови се Кристина Камчева и Зорица Арсовска дел од првите осомничени за „Империја“. Меѓу отповиканите е и Тодор Мирчевски директор на Ексико.

СЈО по спроведена предистражна постапка пред извесно време отвори нова истрага под кодно име „Империја“ против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.

„Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост“, стоеше во соопштението на СЈО.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави