Дали треба да вежбаме додека сме настинати?

Конечно сте се решиле да почнете со вежбање, но се случува да настинете. Најчестото прашање што се поставува е дали треба да одите на тренинг во текот на настинка или подобро е првин да оздравете?

Општото правило вели дека ако симптомите на настинка се појавуваат над вратот (грло, нос, синуси) може да вежбате. Но, ако проблемите се лоцирани под вратот (на белите дробови) тренингот треба да го одложите.

Примери на болести со симптоми над вратот се настинка, затнат нос, благо воспаление на грлото. Примери за болести со симптоми под вратот се болка во градите, болки во мускулите на телото и слично.

Според истражувачи од Универзитетот Бол Стејт, умереното вежбање не влијае на траењето на настинката или на тежината на настинката. Истражување објавено,покажало дека умерените аеробни вежби – од 30 до 45 минути дневно, како прошетка, возење велосипед или трчање, можат да го преполоват ризикот од респираторни инфекции.

Најдобриот совет е ако чувствувате доволно енергија одете на тренинг, но внимавајте да не ширите бактерии кога кашлате или кивате. Ако не се чувствувате добро одморајте ден, два, тоа и така нема да влијае на вашите резултати.

Треба да знаете
Последни објави