Задругите со посебни мерки за поддршка за користење државно земјиште

Да се воведат посебни владини мерки за поддршка на земјоделските задруги, да се даде приоритет или дополнително бодување на задругите и оценка на нивните апликации за одредени мерки за поддршка и да се овозможи предност за задругите за користење државно земјиште, се само дел од Предлог-препораките на Работната група за земјоделство и рурален развој од Националната конвенција за ЕУ во Македонија што денеска ја одржува Третата сесија.

Работната група смета дека треба да се ревидира и приспособи сегашната законска рамка за постојните и за формирање нови задруги, законски да се заштити задружниот имот како неделив и непренослив за да остане во сопственост на задругата, како и да се изменат критериумите за минимален број на земјоделски производители кои може да основаат задруга.

На сесијата присуствуваат претставници од земјоделски задруги во Македонија, претставници на земјоделски здруженија, експерти, а се очекува да ја отвори министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Треба да знаете
Последни објави