Search

Наставник во крушевско село тепал ученик

Во Полициската станица Крушево, во попладневните часови на 14 ноември, 40-годишен жител од селото Пресил пријавил дека неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од наставникот, вработен во Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“.

Од МВР информираат дека за настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави