Search

Марадона образложи зошто Мурињо е подобар тренер од Гвардиола

Диего Армандо Марадона одлучи да направи опширно излагање за угледен шпански весник, обраќање кое го искористи за да застане во одбрана на еден од најкритикуваните тренери во светот на фудбалот, Жозе Мурињо.

Легендарниот Дон Диего во безброј наврати има посочено колку многу го почитува португалскиот стручњак, но сега го стави за едно скалило погоре од сите стручњаци во светот, правејќи една паралела меѓу него и Пеп Гвардиола.

– Секогаш на прво местот го ставам Мурињо. Зошто е тоа така? Бидејќи тој е најдобар во светот, без никаков сомнеж. За мене тој е подобар и од Пеп Гвардиола. Јас на Пеп му оддавам признание, но само за тоа што успеа максимимално да добие придобивка од наследството кое го остави Јохан Кројф. Веќе во неколку наврати сакам да го потенцирам тоа. Тики-таката не ја измисли Гвардиола, тики-таката ја измисли Кројф. Работата е во тоа што Пеп сега може да го одбере и да го добие било кој играч во светот. Така, тики-така тактиката е најлесна, – потенцира Марадона.

Треба да знаете
Последни објави