Search

(Галерија) „Барселона“ пресилна за „црвено-црните“

Ракометарите на „Барселона“ му го нанесоа вториот пораз на „Вардар“ сезонава во Лигата на шампиони, откако во преполната сала „Јане Сандански“пред околу 7.000 гледачи  славеа со 26:30.

Разликата од четири гола гостите ја направија уште на стартот и истата се покажа недостижна за „вардарци“. Домаините изедначија на 1:1 на стартот по што следеше серија од 4:0 на „Барселона“, па истата се задржа и на полувремето кое заврши 9:13.

Можеше „Вардар“ претходно да намали на 10:8, ако по пресечената топка од Карачиќ, кој ја исфрли во контра кон Чупиќ, поентираа домаќините, но топката не стигна до крилото на „Вардар“.

Во продолжението не се сменија работите, па „Барселона“ поведе и со шест гола разлика 10:16, а „Вардар“ не искористи неколку шанси, но на тоа влијаеја и неколку судски одлуки. Гостите до крајот рутински го одиграа натпреварот и ја задржаа истата разлика од полувремето.

Дибиров со шест и Криштопанс со пет голови беа најефикасни во составот на „Вардар“, Чупиќ постигна четири. Мем со осум гола беше најдобар кај „Барселона“, заедно со голманот Гонзало Перез де Варгас.
Реваншот се игра следната недела во Барселона.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави