„Манчестер Сити“ под истрага на ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против „Манчестер Сити“ заради можно прекршување на правилата со кои се забранува сопственоста на играчи од трети земји.

Според весникот „Политикен”, „граѓаните” имаат потпишано договор со данскиот клуб „Нордсјеланд“, според кој, англискиот клуб може да прима африкански фудбалери од нивната академија.
Училиштето „Право на сон” се наоѓа во Африка, но е во сопственост на клубот од Данска. Според условите на договорот, Нордсјеланд треба да ги обезбеди најдобрите услови за потенцијален трансфер на таленти од академијата во „Манчестер Сити“.
Претседателот на данскиотклуб ги негира информациите на данското издание и цврсто е убеден дека африканските фудбалери не се обврзани да преминуваат во ниту еден клуб.
Ова е уште еден удар за „Манчестер Сити“, откако „Фудбал ликс” излезе со откритија дека „граѓаните” ги заобиколиле правилата за финансискиот ферплеј со помош на старото раководство на УЕФА.
Треба да знаете
Последни објави