Search

Јокиќ шутна само еднаш во поразот на „Денвер“, нова победа за „Репторс“

Кошаркарите на „Денвер“ го забалежаа вториот пораз сезонава и тоа на гостувањето кај „Мемфис“ во уште еден „чуден” меч на најдобриот играч на „Нагетси“, Никола Јокиќ. Во поразот од 89:87 Јокиќ шутираше тројка за победа, но промаши, но тоа беше неговиот единствен шут од игра на натпреварот. Не е познато дали станува збор за повреда, но Србинот на последните два натпревари има шут од игра 2-4. Кај домаќините најдобар беше Марк Гасол со 20 коша и 12 скока, а Гери Харис имаше ист број на поени на спротивната страна.

Во дербито на Источната конференција „Филаделфија„  славеше против „Пејсерси“ во Индијана со 94:100. Најдобар кај гостите вообичаено беше Џоел Ембид со 20 поени и десет скока, а Хрватот  Дарио Шариќ конечно одигра добар натпревар со 18 поени и седум скока. Виктор Олапидо одигра уште еден извонреден натпревар со 36 поени, ѓест скока и седум асистенции.

По состанокот на првиот оперативец на „Лејкерс“, Меџик Џонсон и тренерот Лук Волтон за лошите резултати на тимот, „Езерџиите“ ја победија „Минесота“ со 114:110. За „Лејкерси“ дебитираше центарот Тајсон Чендлер со дваа коша и девет скока, но со акцент на играта во одбрана. Кај домачините најефикасен беше Леброн Џејмс со 24 поени, десет скока и девет асистенции. За „Минесота“ Дерик Роуз постигн 31 поен, со три скока и пет асистенции.

„Кливленд“ продолжи со слабата игра и го забележа десетиот пораз сезонава 86:95 против „Оклахома Сити“, кој, пак, влезе во серија од шест победи во низа. Гостите настапија без Расел Вестбрук, кој се повреди на минатиот натпревар.

Кошаркарите на „Торонто Репторс“ ја остварија 11 победа сезонава со триумфот против „Сакременто Кингс“ 105:114, а во победничкиот тим се врати Каваи Ленард, кој постигна 25 поени со 11 скока.

„ Мајами Хит“ го победи  „Сан Антонио Спарс“ со 95:88 за прв триумф против тимот од Тексас  по четири години, „Њујорк Никс“ славеше во Атланта против „Хокс“ со 107:112 со 34 коша на Тим Хардавеј Џуниор.  „Јута Џез“ го победија дома „Далас“ со убедливи 117:102, во која кј поразените пак беше најдобар дебитантот Лука Дончиќ со 24 коша, шест скока и две асистенции. „Њу Орлеанс Пеликанс“, пак, беа подобри со107: 98 од „Чикаго Булс“

Треба да знаете
Последни објави