Search

Тригодишно дете заглави во апарат за играчки

Тригодишно дете заглави во апарат за играчки

Тригодишниот Џими Брејкен Марфи од ирското градче Типерари очајнички сакал да дофати една од крзнените играчки во апарат во еден трговски центар.

Џими самиот упспеал да се „протне“ во апаратот, а наградата за овој подвиг му било тоа што останал заробен во машината опкружен со мноштво играчки.

Иако во прв момент се исплашил, Џими набрзо бил многу задоволен затоа што можел да си одбере која играчка и да ја посака.

– Јас не бев изненаден. Тој е темпераментно, но бистро дете, кое секогаш ги поместува границите, изјави неговиот татко Џејмс.

Момчето во „аквариумот“ со играчки минало десетина минути пред да го извадат припадниицте на обезбедувањето.

Треба да знаете
Последни објави