Search

Во општина Бутел се одржа еко-манифестација за собирање на пластична амбалажа

Во општина Бутел се одржа еко-манифестација за собирање на пластична амбалажа

Денес во основното училиште “Ацо Шопов” во населба Радишани,се одржа еко-манифестација по повод собирната акција на пластична амбалажа,во соработка со ЈП “Комунална Хигиена”- Скопје и Театарот за деца и младинци.

Учество земаа сите ученици од основното училиште,а награди беа доделени на учениците од одделението кое собра најмногу пластичен отпад за рециклирање.

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорот на јавното комунално претпријатие го поздравија настанот и порачаа дека ваквите еко-акции ке продолжат и во иднина,се со цел одржување на здрава и чиста еколошка средина и подигнување на свеста кај најмладите во зачувување на истата.

Треба да знаете
Последни објави