Search

Вознемирувачкото видео: Пензионерка застрела бизнисмен сред улица во Србија

Пензионерка застрела бизнисмен сред улица во Србија

Откако Стојанка Стојановиќ Цока признала дека го убила Зоран Трифуновиќ, бидејќи не можела да го поднесе притисокот во врска со спорот кој го имале во врска со плац во Белград, јавноста не престанува да го коментира овој случај. 

Сега се појавила и шокантна снимка од тоа како Цока го убива Зоран.

На снимката јасно се гледа како уапсената носи пиштол во торбата. Му приоѓа на Трифуновиќ, вади пиштол и со првиот куршум го застрелува Зоран во грло.

После ова инвеститорот паѓа на земјата, а бесната жена стои над него држејќи го на нишан. По неколку секунди следи и другиот истрел – во стомак.

Обиколувајќи го телото на Зоран, Цока застанува над неговата глава, го крева пиштолот и го испукува и третиот куршум. Со овој истрел таа го “довршува” инвеститорот, оставајќи го да лежи.

По пукањето кое почнало како случајна средба на минувачи, Стојанка мирно и ладнокрвно заминува од местото на злосторството.

Го враќа пиштолот во ташната и го остава телото на изрешетаниот Тодоровиќ.

Треба да знаете
Последни објави