Search

Му побарале пари на малолетник, па го нападнале со нож

Му побарале пари на малолетник, па го нападнале со нож

Се поставува прашањето дали Скопје во последно време е безбедно место на живеење. Граѓаните постојано се на удар на криминални групи и напаѓачи, а најнов случај е напад на 17-годишник во паркот „Жена борец“.

Тој околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ бил физички нападнат од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле, со нож му нанеле расекотини и побегнале.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57).

Момчето се упатило во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави