Search

Откриено е кој упадна на теренот за време на финалниот натпревар на Светското првенство

Иако на преносот од финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал не можеше да се види кои беа лицата кои влегоа на теренот во жарот на играта меѓу репрезентациите на Франција и Хрватска, сега тоа се дозна благодарение на покренатото обвинение.

Како што е денес објавено, руските власти покренале обвинение против членовите на панк-група поради „кршење на правата на гледачите“ и незаконско носење полициски симболи, кога со упадот на теренот накратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал.

На четворицата натрапници им се заканува казна од по 11 500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часа општокорисна работа, објави синоќа новинска агенција.

Тројца мажи и една жена облечени во полициски униформи предизвикаa краток прекин во 52. минута од финалето на стадионот „Лужники“ во Москва, со капацитет од 81 000 гледачи.

На финалето присуствуваше рускиот претседател, Владимир Путин, а натпреварот беше емитуван во живо ширум светот.

Групата на социјалните мрежи неодамна повика на ограничување на полициските овластувања и други реформи во Русија. Групата со години се спротивставува на Путин, а нејзините членови поминаа неколку години во затвор поради организирање разни протести.

Треба да знаете
Последни објави