Search

Крвнички претепатан Никола Саздовски – Саздо, дел од навивачката група „Комити“

Крвнички претепатан Никола Саздовски – Саздо, дел од навивачката група „Комити“ двајца притворени

Никола Саздовски – Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, претепан, со смртни повреди, е во кома на КАРИЛ во Клинички центар и се бори за живот.

На 29.06.2018 година во времето од 17,30 до 17,40 часот во Скопје на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“, од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје. По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. По преземени мерки, две лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело. Се работи на целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во информацијата од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје за сторено кривично дело „насилство“.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода и одредена им е мерка притвор, додаваат тие.

Треба да знаете
Последни објави