Search

Скопјанец удрен со шише по глава во ноќен клуб

Скопјанец бил удрен со шише по глава во ноќен клуб.

 

Од МВР информираат дека во 6 часот изутринава С.П. (25) од Скопје пријавил дека околу 2.40 часот додека со негов другар В.С. биле во ноќен клуб во Градскиот парк, непознато лице физички го нападнало, а потоа со шише го удрило во главата.

Од страна на обезбедувањето на клубот сите лица биле изнесени надвор од објектот, каде, според пријавеното, непознатите лица повторно ги нападнале С.П. и неговиот пријател. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави