Search

Колач без јајца

Подгответе брз и вкусен колач без јајца.

Состојки:

500 грама кисела павлака

250 грама шеќер во прав

200 грама чоколада за готвење

100 мл масло за јадење

150 грама брашно

70 грама мелени ореви

1 пакетче сода бикарбона

Малку кокос

Подготовка:

Во сад додадете 400 грама кисела павлака, шеќер во прав, 100 грама растопена чоколада за готвење, масло за јадење, брашно, сода бикарбона и мелени ореви.

Целото тоа добро измешајте го за смесата да се соедини, префрлете ја смесата во тавка (18-26 сантиметри) обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени.

Печениот колач оставете го добро да се излади и отстранете ја хартијата за печење.

Во сад додадете 100 грама кисела павлака, 100 грама чоколада за готвење,  добро измешајте, па потоа премачкајте го изладениот колач и посипете со кокос.

Исечете го готовиот колач на парчиња и послужете.

Треба да знаете
Последни објави