Search

Повредени тројца моторџии во Скопје

Моторџија бил тешко повреден откако се судрил со комбе, вчера во скопската населба Бутел, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила во 11.40 часот на улицата Босна и Херцеговина. Тогаш мотоцикл „Хонда ЦРВ 600“, управуван од А.М.(39) од Скопје се судрил со комби „пежо боксер“ што го управувал С.Р.(36) од Скопје. По судирот А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.Тој е задржан на понатамошно лекување.

Од полицијата информираат дека вчера биле повредени уште двајца моторџии. Сообраќајката се случила околу 18.30 часот на булевар Видое Смилевски Бато. Тогаш К.Н. (28) од Скопје управувајќи мопед „Гланц“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

На К.Н., како и на неговиот сопатник И.М.(27) од Скопје им е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“. Поради сериозноста на повредите И.М.е задржан на понатамошно лекување.

Треба да знаете
Последни објави