Search

Жителите на Кале ќе добијат чиста вода за пиење

Жителите на Кале ќе добијат чиста вода за пиење

Жителите на дел од Кале остварија средба со градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на кој како најголем проблем му ги посочиле старите водоводни цевки поради кои, како што истакнале, пијат неквалитетна и нечиста вода. Било наведено дека од ова најмногу страдаат најмладите кои секојдневно имаат здравствени проблеми поради нечистата вода.

„Повеќе од 50 години овде не е ништо направено. И ние сме жители на Центар, а живееме како на почетокот на минатиот век“, му се пожалиле жителите на градоначалникот.

Богдановиќ на средбата ветил дека во вторник, веднаш по велигденските празници, Општината ќе започне со поставување нова водоводна мрежа и дека на местата на ископот улиците ќе се асфалтираат. Градоначалникот истакнал дека сите дивоприклучени жители ќе бидат исклучени, а другите регуларно ќе добиваат квалитетна вода.

Треба да знаете
Последни објави