Search

Луј Ван Гал го нападна Мурињо: Јунајтед е преголем клуб за него

Холанѓанецот Луј Ван Гал се чини дека се уште не може да се помири со фактот дека управата на Јунајтед пред неколку години му врачи отказ за да го назначи Жозе Мурињо.

„Жозе Мурињо не е дораснат на предизвикот во клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Тоа е преголем клуб за него. Тој пристигна во Јунајтед откако доби отказ во Челси. Тоа доста говори за неговото знаење“, изјави Луј Ван Гал.

Исто така, искусниот холандски тренер тврди дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола моментално е најдобриот тренер на светот.

„За разлика од тие на Мурињо, екипите на Пеп Гвардиола имаат игра и константно напредуваат. Сити има подобри играчи, но Јунајтед оваа сезона не е ништо подобар од минатата година и тоа е проблем. Жал ми е што не успеав да ја завршам работата која што ја започнав на Олд Трафорд“, изјави Луј Ван Гал.

Треба да знаете
Последни објави