Search

Таксист загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Триесет и петгодишен маж од Скопје почина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Градско-Прилеп.

Мажот, управувајќи такси-возило, се судрил со товарно моторно возило „волво“ со приколка, со велешки регистарски таблички. Во таксито се превезувале и две жени од Битола, кои добиле повреди, а во моментот се наоѓаат на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање. Увидот е во тек.

Треба да знаете
Последни објави