Search

Царовска: Милијарда денари за активни мерки за вработување (ВИДЕО)

Царовска: Милијарда денари за активни мерки за вработување

Со средства во износ од милијарда денари државата ќе ја зголемува вработеноста преку мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Преку програмите за вработување ќе бидат опфатени 9.511 лица, а преку услугите на Агенцијата за вработување на РМ над 16.000, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Грантовите за самовработување се поставени флексибилно од четири до пет илјади евра за поединец, до 10 илјади евра за двајца содружници. Годинава се дава можности и за комбинација на неколку мерки.

 

https://www.youtube.com/watch?v=wSuyeqU6Kv4

 

 

Треба да знаете
Последни објави