Прилепчанец загина на патот Битола-Прилеп

Прилепчанец загина на патот Битола-Прилеп

На патниот правец Битола – Прилеп, вчера околу 15.50 часот патничко возило „Опел вектра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р. (38) од Прилеп, излетало од коловозот и се превртело на покривот.

Од здобиените повреди на лице место починал З.Р. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави