Search

Мицкоски се жалеше од СДСМ и пред тројцата европарламентарци

Мицкоски се жалеше од СДСМ и пред тројцата европарламентарци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Скопје оствари средба со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекејштајн, на која се разговараше за актуелните состојби, за застојот со европските интеграции и предизвиците на државата на општествен и политички план.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека има целосен застој во поглед на европските интеграции и исклучително низок степен на реализација на владиниот план 3-6-9 што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето на неспособност на владата да менаџира со процесите.

– Заложбите за интеграција на владата се само декларативни, но не и суштински и остануваат мртво слово на хартија. СДСМ ја има одговорноста 9 месеци да управува со државата а нема ниту еден крупен чекор или реформа која ќе нѐ доближи до целта за отпочнување на преговори со Европската Унија – истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ги запозна своите соговорници со случаите на политички терор спроведуван од власта, посочувајќи дека тоа го отежнува севкупниот абиент на функционирање на државата и го прави невозможен активниот политички дијалог.

Мицкоски зборуваше и за, како што се наведува, катастрофалната економска состојба и неуспешните економски политики кои негативино се одразуваат врз стандардот на граѓаните.

Во однос на спорот за името ВМРО-ДПМНЕ на средбата ги повтори позициите на партијата кои се јавни и претходно познати.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изрази благодарност за ангажманот на тројцата пратеници и нивните заложби за откочување на процесот на евроинтеграциите што преставува стратешка заложба на партијата.

Треба да знаете
Последни објави