Search

Глоба од 300-500 евра за 4 локали во Центар за прегласна музика

Глоба од 300-500 евра за 4 локали во Центар за прегласна музика

,,Центар нема да дозволиме да не се почитува Законот за бучава и да се нарушува ноќниот мир на жителите“-објави денеска градоначалникот Саша Богдановиќ.

По укажување на граѓани за бучава од гласна музика, општина Центар спроведе инспекциски надзор во угостителски објекти.
Инспекцијата во ноќните часови, направи надзор во 6 локали: Џуси бар, Бастион, Локал 45 и Радио Бар, лоцирани на улиците „Ленинова„ и „Пиринска“, Колектив Бар на Плоштад „Македонија“ и Нола бар во Капиштец. По извршените мерења од овластена лабораторија за животна средина, добиени се извештаи за надминување на дозволеното ниво на бучава. Овластениот инспектор за животна средина ги посети сите угостителски објекти, по што изготви решенија со кои ги упати да превземат мерки за намалување на нивото на бучава во рамките на пропишаните гранични вредности. Согласно Законот за заштита од бучава, на објектите им се доставуваат платни налози за глоба за сторен прекршок во висина на одмерената сума согласно Законот за прекршоци.
На четири од локалите им е одмерена глоба во вредност од 300 – 500 евра . Доколку глобата се плати во рок од 8 дена вредноста се намалува за половина. За два од објектите, постапката е во тек, бидејќи се чека да поднесат годишни сметки според кои ќе се одмери казната.
Бучавата од гласна музика е проблем во општина Центар, бидејќи на мал простор во станбени објекти, приземни делови на зградите се наменети за кафулиња и тука во ноќните часови се одржуваат забави со голем број на гости и гласна музика.

,,Апелирам до граѓаните да пријават гласна музика, и вознемирување во Полициската станица Центар, под чија надлежност е нарушување на јавниот ред и мир. Заедно со МВР ќе вршиме континуирани и редовни контроли по што ќе се превземат неопходните мерки“-најави Богдановиќ .

Треба да знаете
Последни објави