Вежбањето додека сте болни не е добра идеја

Познато е дека редовната физичка активност го подобрува имунитетот. Сепак, најновото истражување покажува дека тоа претставува лош третман во случај да се разболите.

 

Резултатите од истражување извршено во Бол универзитетот во Индијана, покажале дека вежбањето нема никакво дејство во заздравувањето на организмот од настинка или грип.

„Ако имате воспаление на грлото или проблеми со синуси, но се чувствувате доволно добро за да можете да вежбате, тогаш од тоа нема да имате никаква штета“, вели доктор Дејвид Ниман.

„Меѓутоа, ако имате грип или некој друг вид на систематски инфекции кои предизвикуваат зголемување на телесната температура, вежбањето е многу лоша идеја“, вели Ниман, кој сам истрчал 58 маратони.

Со него се согласува и Маријана Фалман, професорка на Универзитетот „Вејн“, која го проучувала влијанието на вежбањето на имунолошкиот систем.

„Вашиот организам работи исклучително напорно за да победи инфекција. Во однос на тоа дека вежбањето претставува еден вид на физички стрес, тоа значи дека мора да работите уште понапорно за да оздравите во целост“, вели Фалман.

Дека последиците навистина можат да бидат сериозни, покажа и истражување на австралиски научници уште од деведесеттите години. Научниците откриле дека поединечни спортисти, кои продолжиле со тренинзи и кога биле болни, развиле некој вид на хронична исцрпеност, која понекогаш траела со години.

„Беше многу болно да се чита за тие случаи. Иако се уште не знаеме што точно се случуваше во нивните тела, претпоставуваме дека вирусите се прошириле во организмот во некоја субклиничка форма и продолжиле да го напаѓаат имунолошкиот систем, поради што луѓето биле константно уморни“, објасни Ниман.

И покрај тоа што се уште не е донесен конечен заклучок, Ниман вели дека во текот на испитувањето на бројни спортисти заклучил дека биле слаби и уморни дури кога инфекцијата исчезнала. На многумина им требало многу за повторно да се вратат во форма.

Ниман ги советува сите кои вежбаат да направат пауза од една недела после симнување на температура, пред повторно да продолжат со физички активности.

 

 

 

 

      ИЗВОР:https://kajgana.com/vezhbanjeto-dodeka-ste-bolni-ne-e-dobra-ideja

Треба да знаете
Последни објави