Шест видови на храна кои поттикнуваат анскиозност и депресија

Иако стресот е најчеста причина за анксиозност и депресија, сепак не е единствена. Храната која секојдневно ја внесуваме во организмот, влијае и на физичкото, но и на менталното здравје.

 

Во прилог прочитајте со кои видови на храна не би требало да претерувате, бидејќи поттикнуваат негативно расположение.

Сок од продавница и газирани пијалаци

Влакната од цели овошја нудат чувство на ситост и ја забавуваат потрошувачката на енергија. Сокот од продавница не содржи влакна, што значи дека пиеме вода со шеќер. Шеќерот од тие сокови нагло го крева нивото на енергија, но исто така и брзо го спушта, што може да резултира со чувство на анксиозност и депресија.

Газираните пијалаци имаат исто дејство како и купечките негазирани сокови, па подобро е што побргу да ги исфрлите од исхраната.

Тост и други производи од бело брашно

Ако е направен од бел леб, избегнувајте го. Наместо него, изберете го оној од интегрални житарици. Истото важи и за останатите видови на пециво.

Диетални производи

Овие видови на производи обично содржат помалку масти и вештачки шеќери, а истражувањата покажале дека вештачките шеќери го поттикнуваат развојот на анксиозност и депресија.

Кечап

Кечапот содржи многу шеќери, поточно четири грама по лажица. Наместо тоа додајте малку црвена мелена пиперка во сос од домат.

Кафе

Кофеинот може да ве направи нервозни и да има негативно влијание на вашиот сон, што секако придонесува за развој на депресија и анксиозност. Кафето исто така може да предизвика брзо чукање на срцето и нервоза.

Преработена храна

Ако јадете многу преработено месо, преработени житарици, пржена храна, благо и млечни производи со многу масти, веројатно ќе чувствувате симптоми на депресија и анксиозност. Исхраната богата со влакна може да ги намали тие симптоми, па подобро е да консумирате свежо овошје и зеленчук, риба и бело месо.

Треба да знаете
Последни објави