Search

Учениците од училиштата во Бутел одржаа ораторска вечер

Учениците од седумте основи училишта на територијата на општината Бутел одржаа ораторска вечер во просториите на оваа локална самоуправа.

 

Основците што учествуваа во проектот „Млади лидери на заедниците“ на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг (ЦЕПАК) ја приредија завршната ораторска вечер за присутните наставници, родители и граѓани на оваа општина. Инаку овој проектот за млади лидери на заедниците се организираше од крајот на август оваа година. Настапите на учениците беа фокусирани на три теми од модерното секојдневие, односно новите технологии како паметни телефони и компјутери, Интернет и социјални мрежи и тестирање лекови врз животните. 

Инаку, овој проект се движеше во неколку фази на реализација, почнувајќи со информирање на учениците во основните училишта за различноста, идентитетот и можностите за вклучување на младите во демократските процеси на локално ниво, па потоа обука за соработка и толеранција, за да финишира со ораторската вечер како уметност за убаво говорење што им ја отвора можноста на младите ученици да бидат успешни лидери на младите генерации. 

На настанот се обрати и градоначалникот на општината Бутел, Велимир Смилевски, кој истакна дека секогаш е подготвен да ги поддржи младите од неговата општина и додаде дека планирано е оваа манифестација да стане традиционална.

25994761_2026786184236400_8922190220451919400_n.jpg

Треба да знаете
Последни објави