Холивудскиот актер Том Круз повторно се врати на филмскиот сет. Во август, тој го скрши глуждот додека извршуваше комплицирана сцена при снимањето на „Невозможна мисија 6“ во британскиот главен град, Лондон.
Оваа недела филмот продолжува со снимање сцени во Норвешка, а Том Круз веќе пристигна во скандинавската земја и веќе се подготвува за продолжение на снимањето.
Сетот се наоѓа на платото „Preikestolen“, кое е позната туристичка атракција. „Невозможна мисија 6“ се очекува да се појави на екраните во јули 2018 година.