Skip to main content
Хроника

17 возачи уапсени поради безобѕирно управување со моторно возило

16/05/2026  17:24

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување.

Од нив, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возило под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот.

Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека еден возач од Кочани управувал возило и покрај изречена активна забрана за управување.

Во Кавадарци бил лишен од слобода возач кој управувал мотоцикл што не бил регистриран и без да поседува возачка дозвола, додека во Демир Хисар бил затекнат возач кој управувал патничко возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила и прописи директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Управувањето возило под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на изречена забрана претставува сериозен ризик по животот и здравјето на граѓаните.

Апелираме до сите возачи на совесно и одговорно учество во сообраќајот, со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност на патиштата.