Search

Џордан е тажен, повреден и лут за она што се случува во САД

Голем број на спортски ѕвезди ширум светот се огласија по малтретирањето од кое почина Џорџ Флојд. Меѓу нив е некогашната кошаркарска НБА-ѕвезда Мајкл Џордан кој на својот Твитер профил ги коментираше случувањата во САД.

-Ужасно сум тажен, повреден и лут. Ја гледам и чувствувам болката на многу луѓе, нивната фрустрација и бес. Ги поддржувам сите кои го кренаа гласот против расизмот и насилството кон Афроамериканците во нашата држава. Сега е доста. Немам одговори, но нашиот заеднички глас против ваквите ситуации покажува дека ништо не може да не раздели. Мораме да внимаваме едни на други и никогаш не смееме да игнорираме ваква бесчуствителна бруталност. Мораме да продолжиме со мирните протести против неправдата и мора да бараме одговорност од власта. Нашиот заедички глас мора да ги притисне лидерите во нашата земја за да ги сменат законите, а доколку тоа не го сторат ние со гласовите на изборите ќе ги смените нив. На семејството на Џорџ Флојд сакам да му изразам сочуство како и кон сите кои се погодени со неговата смрт, стои во рекацијата Џордан.

Треба да знаете
Последни објави