Search

Јувентус под истрага за проневера од 50 милиони евра

Федералното обвинителство на Италија започна истрага против Јувентус, а првоосомничени се претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, кој сега работи во тимот на Тотнем.

Тие се обвинети за лажно сметководство и проневера на 50 милиони евра, тврди весникот „Газета дело спорт“. Финансиска полиција вчера била во седиштетот на клубот да собере дополнителни информации за случајот и биле одземени голем број документи.

Сомнителни се голем број на трансфери кои Јувентус ги направил во периодот од 2018 до 2021 година. Особено внимание привлекува размената со Барселона во која Артур Мело пристигна во Торино, а Миралем Пјаниќ замина во спротивен правец.

Во целиот скандал осомничени се уште три лица во Јувентус, кои најверојатно работат во сметководството на клубот.

Според медиумите на Апенините, „Старата дама“ може да добие драконска казна. Доколку Јувентус биде прогласен за виновен, односно неговите челници, тогаш најблагата казна што може да ја добие од Судот е парична. Можно е Серија А да одлучи да му одземе бодови, а најтешката казна ќе биде исфрлање од елитата и враќање во Серија Б, како што беше случај во 2006 година.

Треба да знаете
Последни објави