Search

Јована Софкоска почнува интернационална кариера, се сели во Бор

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софкоска, кариерата ја продолжува во Србија, откако e договорeна соработка со  клубот Бор.

– Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотивација за успеси со новиот клуб. – изјави Софкоска.

Таа игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.

Клубот Бор каде што ќе игра 19-годишната Јована се натпреварува во Супер лигата и ќе биде дел од националниот Куп.

Треба да знаете
Последни објави