Search

Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас

Секоја година пред уписите,,одредени центри шират невисини за нас”, реагира управата на ПСУ ,,Јахја Кемал”. ,,Истите центри ги упатуваме доколку имаат конкретни информации и докази за нашите училишта, да се обратат на државните органи и судски инстанци, а не да шират секоја година лаги и невистини со што ја манупулираат јавноста”, се вели во соопштението.

Училиштата Јахја Кемал се основани во 1996 година со одлука на Владата. ,,Од тогаш па до денеска се има стекнато со реноме во областа на воспитно образовната дејност како во рамките на нашата држава така и на меѓународно ниво. За брендот на ПСУ ,,Јахја Кемал” зборуваат освоените многубројни врвни резултати на полето на воспитно образовната дејност како во државните така и на меѓународните научни олимпијади. Исто така, матурантите со стекнатите меѓународно признати дипломи на нашето училиште се запишуваат на најелитните универзитети во светот со целосна стипендија, со што го докажуваат квалитетот на стекнатото образование во нашите училишта. За жал, за да се влијае на бројот на учениците кои сакаат своето образование да го стекнат во нашите училишта, секоја година во периодот на уписи за наредна учебна година од одредени центри се шират невистини и клевети за нас. Истите центри ги упатуваме доколку имаат конкретни информации и докази за нашите училишта, се обратат на државните органи и судски инстанци, а не да шират секоја година лаги и невистини со што ја манупулираат јавноста”, се вели во соопштението на Генералната управа на ПСУ ,,Јахја Кемал”.

Треба да знаете
Последни објави