Search

Ѓорчев: Апликацијата на СДСМ следи кој, каде се движи, што лајкувал и напишал

Апликацијата што ја обелодени тимот на Сиљановска може да се однесува на стотици илјади граѓани на Македонија и длабоко задира во приватноста на гласачите, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека со апликацијата тие може да следат кој, каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал и како напишал.

Ѓорчев најави дека ќе има реакција до институциите, но нагласи дека немаат доверба во нив. Рече дека ИТ тимот којшто го имаат работи на темата и информациите се загрижувачки.

„Тоа е буквално една афера којашто можеме да ја наречеме ‘големото око’. Навика стана на СДСМ, до таа мера да се чувствуваат недопирливи, да прават што сакаат и да едноставно ја нарушуваат приватноста. Но, ова сакам да го кажам, прво граѓаните се чувствуваат непријатно затоа што им е нарушена приватноста, второ колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледаат што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот, и трето треба да им вратат на оние коишто им ја нарушуваат приватноста оние коишто сакаат буквално да ги надгледуваат, да им вратат со гласање против нивниот кандидат, затоа што ова е срамота што го прават“, додаде Ѓорчев.

Тимот на Сиљановска вчера обелодени дека СДСМ преку андроид апликација ги следеле граѓаните. Од владејачката партија уверуваат дека не постои таква апликација. 

Треба да знаете
Последни објави