Search

Ѓоковиќ се залага тенисерите да прават втор тест за коронавирусот пред да бидат дисквалификувани од турнирите

Голем број тенисери беа дисквалификувани поради позитивен тест на коронавирусот, додека иако „лажно позитивниот тест“ е многу чест, организаторите не им дадоа на тенисерите на Ролан Гарос втора шанса. Така, Дамир Џумхур и Никола Милојевиќ останаа без учество на Ролан Гарос, а прв кој го крена гласот против принципот на здраствените работници кои се задолжени за спроведување на безбедносните мерки против пандемијата од коронавирусот на  Отвореното првенство на Франција, е најдобриот светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

-Ситуацијата со Џумхур се покажа како лоша. Не само со него, исто така слушнав дека Вердаско е отстранет од ждрепката. Тој беше негативен во Хамбург, беше позитивен денес. Не разбирам зошто на играчите не им е дозволено да направат нов тест 24 часа подоцна. Тие можат да чекаат во собата и да видат дали тестот е лажно позитивен или вистински, рече Новак Ѓоковиќ.

Тој посочи дека во Синсинати, двајца играчи биле исфрлени од турнирот, а и двајцата потоа имале негативни тестови.

-Не сум медицински експерт, па да кажам што е правилно, а што не. Жал ми е за играчите кои дојдоа, се подготвија и беа негативни, а потоа излегоа позитивни затоа што можеби тие тестови не се добри, заклучи светскиот тениски рекет бр. 1.

Треба да знаете
Последни објави