Search

Ѓоковиќ се врати во ритам: Му се одмазди на Карацев за осминафинале во Рим

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ му се одмази на рускиот ривал Аслан Карацев за поразот на неговиот домашен турнир во Белград, со релативно лесна 6:3/6:2 победа во второто коло на Мастерсот во Рим.

Во јубилејниот 70. меч на „Форо Италико“, Ѓоковиќ стигна до својата 60. победа, откако во првиот сет двапати направи брејк и покрај слабите 50 отсто реализацијана прв сервис, за во вториот да го крене темпото и да стигне до 4:0 водство.

Следен за Ѓоковиќ во Рим е подобриот од мечот на неговиот српски сонародник Ласло Ѓере и повратникот на АТП турнејата, трикратниот гренд слем шампион Стен Вавринка.

Треба да знаете
Последни објави